По иницијатива на Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше Мукрем Мехмеди се одржа работна средба помеѓу Претседатели на Месните Заедници и претставници на Бизнис заедницата со Претставници на ЕВН-Македонија. На средбата присутни беа и Претседателот на Советот на Општината, Неџат Исмаили, Пратеникот во Собранието на РМ, Алим Билали и Директорот на НП-Маврово, Онер Јакупоски. 
На средбата Градоначалникот Мукрем Мехмеди ја потенцира загриженоста и револтот на граѓаните од се почестиот прекин на електрична енергија на територијата на Општината, исто така Градоначалникот Мукрем Мехмеди искажа целосна подршка на барањата и искажаниот револт од страна на граѓаните, и дека локалната самоуправа прави се што можи да се надминат проблемите кои ги има ЕВН со напојувњето на електрична енергија на овој регион. 
Советот на Општина Мааврово и Ростуше има закажано вондредна седница на која се очекува да бидат усвоени барања односно заклучоци за побрзо и поефикасно решавање на проблемите.

image