На територијата на Општина Маврово и Ростуше се оддржа првата хронометар велосипедска трка во Нашата земја, насловена како Halk Velo Green во организација на Халкбанк АД Скопје, како дел од Халкеко платформата чија цел е поттикнување здрави животни навики и придонесување за подобра животна средина.
Градоначалникот Медат Куртовски ги додели наградите на победниците на хронометар велосипедската трка.
Рутата беше во должина од 22 км на релација Бистра – Леуново – Бистра.
Општина Маврово и Ростуше и во иднина ќе ги поддржи сите активности кои се во насока за придонесување кон подобра животна средина и здрави животни навики.