Комисијата за Статус и Прописи денес ја одржа својата прва седница на која донесе предлог одлука за изменување и дополнуваање на Статусот на Општина Маврово и Ростуша.

Со измената се предлага формирање на три совети и тоа:

1. Совет за јавна безбедност во сообраќајот, кој ќе има задачи за унапредување на работите врзани со безбедноста на сообраќајот на патиштата во нашата општина, унапредување на сообраќајното воспитување и образование на учесниците во сообраќајот и развивање на сообраќајно – образовната работа во училиштата, остварување на соработка и координација во превентивната работа на државните органи, институциите, правните и други субјекти по прашањата на самозаштита во областа на сообраќајот на патиштата.

2. Општински младински совет, кој ќе има задачи за креирање претставничко тело на младите и младинските здруженија во Општина Маврово и Ростуша, зајакнување на капацитетите за општествена ангажираност кај младите, овозможување неформално образование, тренинг, обука и развој на вештини кај младите, зголемен ангажман кај младите во помагање на локалната самоуправа, промоција на младинско учество, претставувње на потребите и интересите на младите, вклучување на младите во носењето одлуки на локално ниво, зголемена комуникација меѓу младите и локалната самоуправа како и промоција на плурализмот во младинското здружување и организирање.

3. Совет за јавно здравје, кој ќе има задача да ги проучува прашањата и политиките во областа на јавното здравје, изготвува мислења, дава иницијативи и предлози до органите на општината.

komisija za status i propisi