Со свеченост беше испратен нашиот сограѓанин Дарко Дамјановски koj e прв македонски скијач што обезбедил А норма за настап на ЗОИ.

Градоначалникот, Мукрем Мехмеди му додели плаката на благодарност за досегашниот успех на нашиот сограѓанин за неговите досегашни настапи на предходните две ЗОИ на кој ја претставуваше нашата држава и поттик за подобри успеси на претстојниоте ЗОИ во Сочи.

Нордиецот Дарко Дамјановски ќе биде знаменосецот и предводник на Mакедонскиот тим на свеченото отворање на Зимските олимписки игри во Сочи, Русија, кои почнуваат на 7 февруари.

На свеченоста присуствуваа Претседателот на Совет на Општината, Неџат Исмаили, Пратеникот во Собрание на РМ, Дарко Димитриески како и голем број наши сограѓани кој изразија желби за негов успех на престојните ЗОИ во Сочи.

so damjan SO DAMJANOSKI