Како дел од програмата на градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша г-дин Мукрем Мехмеди за заштита на културното и природно наслество во нашата општина, на тема Регионална Програма За Културно и Природно Наследство Во  Југоисточна Европа, Секторот за локален економски развој при општина Маврово и Ростуша предводена од Елвира Ејупи  и Шенол Имери учествуваа на  работилница со проектниот лидер на Пилот Проектот За Локален и Регионален Развој во Република Македонија г-ѓа Ан Пизо, претставници од Управата за заштита на културното наслество на Република Македонија како и со претставници на Министерството за Култура на Република Македонија, која се одржа во просториите на Општина Маврово и Ростуша.Fikret

На работилницата претставниците на секторот за локален економски развој при општина Маврово и Ростуша дадоа образложение на активностите кои ги презема локалната самоуправа како и досега реализираните проекти кои беа се со  цел да се заштити и промовира  природното и културно наслесдтво во нашата општина а кои беа спроведени во соработка на општината со група студенти, бизнис секторот и локалното население  од нашата општина, како и добиените позитивни резултати од веќе реализираните проекти.
Исто така беа презентирани и идеи кои треба да се реализираат во текот на оваа година од страна на секторот за локален економски развој при нашата општина кои треба да се реализираат во соработка бизнис секторот и локалното население се со цел да се подобри животот на нашите граѓани а воедно да се заштити културното и природно наслество на територијата на нашата општина.