Во тек се градежни активности односно се врши гребење на стариот асфалт, расчистување и подготовка за асфлатирање на дел од локалниот пат (од стара амбуланта до место викано долна чесма) кој води до населеното место Скудриње.

Фирмата која е задолжена да ги изврши градежните работи, врши гребење на стариот асфалт и расчистување на целиот шут што би попречувал квалитетно асфалтирање на овој дел од локалниот пат.
Одкако ќе завршат подготовките ќе се премине на уредување и асфалтирање. 
Решавањето на главните инфраструктурни проблеми е во насока на заживување и подобрување на квалитетот на живот во сите населени места во општината. 

skudrinje 1 skudrinje 2 skudrinje 3 skudrinje 4