Во Ростуше се одржа работен состанок помеѓу пртставници од секторот за инспекциски служби на Нашата Општина, претставници од полициското одделение од Ростуше и претставници на угостителски, трговски и транспортни препријатија на тема “Почитување на законот за јавна чистота и законот за забрана од пушење”. На состанокот исто така се разговараше за обврските на угостителите и сопствениците на трговските објекти, обврските кои ги имаат граѓаните, градежните фирми како и транспортните препријатија кои ги носат градежните материјали како и градежниот шут до депониите кои се одредени од страна на Советот на Општината. Заштита од сечење и пустошење на шуми, безбедност во сообраќајот како и други теми со кои секојдневно се соочува месното население кое живее на територијата на Општина Маврово и Ростуша.
zastita