Општината Маврово и Ростуша . како домаќин на работилница за проектот на WWF „Парковите на Динаридскиот Лак“ која се одржа во хотел Макпетрол,на која присуствуваа преставници на општината од секторот за локален економски развој и заштита на животна средина, преставници од паркови од Македонија, Албанија,Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Косово,Словенија и Србија кој е реализиран од WWF медитеранската програма со финансиска подржка од Норвешкото Министерство за надворешни работи Мава Фондација.
dinardi
WWF со проектот „Парковите на Динаридскиот Лак“ има за цел собирање и вмрежување на луѓето кои работаат во заштитените подрачја на Динаридскиот Лак. Започнаа да делуваат и во нашата општина Маврово и Ростуша (поради што националниот парк Маврово се наоѓа на територијата на општина Маврово и Ростуша) преку серија на конференции, студиски патувања, работилници, обуки и други интерактивни активности.
Целта на работилницата беше да се олесни размената на искуства и обука на следниве теми:
– Оцена на придобивките – бенефитите од заштитените подрачја,
-Одржлив туризам кој придонесува за зачувување на природата,
-адаптација кон климатските промени