Претставници од Советот на Општина Борнова – Измир и претседателот на здружението на нашинците во Измир “Измакгоч” беа во посета Нашата Општина.

На работната средба со Градоначалникот, Мукрем Мехмеди, гостите беа запознаени со активностите кои ги презема општината за равој на туризмот, како и активностите кои ги преземаме за привлекување на странски инвестиции во овој регион, со што значително би се подобриле условите за живот.
Ерај Бујук Советник во Советот на Општина Борнова воодушевен од убавините на овој регион даде ветување дека најискрено ќе се заложи за поактивно промовирање на нашиот регион како доста атрактивно место за одмор и рекреација од повеќе туристички агенции во Измир, со надеж дека овој регион во иднина ќе биде повеќе посетуван од туристи како и можни инвеститори. Исто така активно ќе продолжи одличната соработката помеѓу збратимените Маврово и Ростуша и Општина Борнова. 

bornova