Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше Медат Куртовски имаше работна средба со Претседателот на Општинскиот Одбор на Сојузот на Борците од Гостивар Ратко Џиноски.
На средбата беше разговарано за продлабочување на меѓусебната одлична соработка како и можни активности за реновирање, санација и оддржување на сите спомен одбележја кои се наоѓаат на атарот на Нашата Општина, како и активности за нивно чествување.