Денеска, 19.06.2022 во рамките на проектот “Прекугранично возење велосипеди” се одржа настанот “Жировница Опен”. На овој настан присуствуваа членовите на проектниот тим, градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, локални водичи, МТБ водичи како и други љубители на планинскиот велосипедизам. Ова е финален настан на нашиот проект на македонска страна. Се одржа велосипеддка тура на планинските велосипедски патеки на Голема планина во село Жировница. Целта е ваков настан да се одржува годишно, и по завршувањето на нашиот проект.