Превентивна дезинсекција против комарци.
Со одлука на Локалната Самоуправа на Маврово и Ростуша како и со налог и одобрување на финансиски срества од страна на општината на ден 04.10.2013 година (петок) ќе се спроведе втората фаза од превентивна дезинсекција на целата територија на општината.
Дезинсекцијата ќе ја изврши ЈЗУ Центар за јавно здраство Тетово, ПЕ Гостивар.
Запрашувањето (дезинсекцијата) ќе се врши во периодот од 20 часот до 07 часот наутро со апарат за УЛВ ладно запрашување поставено на пикап возило со предходница од друго возило со ротационо светло.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини, населените места, депонии и други места на подрачјето на нашата општина.

dezinsekcija