Училишното ѕвонче денеска го означи почетокот на новата 2014/2015 учебна година a Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша, Мукрем Мехмеди на првиот ден од новата учебна година го посети Средното Општинско Училиште во Ростуша во кое оваа година настава ќе следат 126 ученици како и Основните Училишта во Нашата Општина во кои оваа година настава ќе следат 626 ученици. Градоначалникот Мехмеди на сите вработени им посака успешна работа а на сите ученици пред се здравје, успех и добри резултати во натамошното образование, потенцирајќи дека квалитетно образование, труд и макотрпна работа е далеку од потребна за помладите генерации оти надежта на Нашата Општина е во младите и образовани кадри кои треба нашиот регион да го направат попросперитетно место со многу подобри услови за живеење. Исто така Градоначалникот, Мехмеди изјави дека учебната година почнува со засилени хигиенски мерки и дезинфицирани училници и сите училишта се подготвени да ги дочекаат учениците и да им овозможат нормално одвивање на наставата. Традиционално, најмногу возбуда имаше кај 64 првооделенци, кои го почнуваат нивното деветгодишно патување низ описменувањето и стекнувањето нови знаења во основното образование, но можеби уште повеќе и кај нивните родители, за кои исто така почнува нова страница во животот.

o11 o14 o12 o9 o8 o10 o7 o5 o3 o2 o1