Почитувани,

По направениот увид на  доставената тендерска документација за пакетот за реализиција на градежни работи „Изградба на локален пат од с.Присојница до с.Аџиевци “ со проценет вкупен износ во планот за набавки од  3,103,930 МКД и метод на набавка “национално конкурентно надавање“, МСИП врз основа на доставените информации нема забелешки на доставената тендерска документација која е во прилог на оваа електронска порака, следствено на ова нема забелешки и по однос на започнување на тендерската постапка за набавка на добра.

 

И покрај тоа што во овој даден момент нема забелешки, МСИП го задржува правото во секое време да објави погрешна набавка ако заклучи дека одобрувањето  е издадено врз основа на нецелосни, неточни или погрешни информации обезбедени од Ваша страна.

Одговорноста за спроведување на секој под-проект, а со тоа и одговорноста за доделување и администрирање на договорите во рамките на Проектот, останува во целост на примателите на под-заемот.