Градоначалникот Мукрем Мехмеди и претставници на Федерацијата на Фармери (ФФРМ) го посетија бачилото на планината Бистра во сопственост на Шабан Нануди, Исто така во присуство на голем број гости во хотел Срна во Маврово беше извршена дегустација на овчо сирење од локални произведители од нашиот регион.

Овој настан беше организиран во рамките на проектот “Почувствувај го здравиот рурален живот” кој е финансиран од ИПА Програмата за прекугранична соработка со Албанија 2007- 2013, спроведуван од страна на Федерацијата на Фармери (ФФРМ) како водечки партнер и
Албанскиот Земјоделски Совет (КАСХ). Целта на проектот е да придонесе кон подобрување на социо-економскиот статус и благосостојбата на руралното население во пограничниот регион
(поконкретно, регионите Полог и Пелагонија од Македонска страна и регионите Дибра и Елбасан од Албанска страна), промоција на постоечките традиционални производи, но и
подобрување на понудата за рурален туризам на пограничните региони како атрактивни дестинации.
На настанот, присутните имаа можност да се запознаат со начинот на чување на овци од полошкиот регион и традиционалниот начин на производството на сирење во мандра, лоцирана во прекрасна рурална средина на планината Бистра. 
srna 1 srna 2 srna 3