Училишното ѕвонче денеска го означи почетокот на новата 2013/2014 учебна година a Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша, Мукрем Мехмеди на првиот ден од новата учебна година го посети Средното Општинско Училиште во Ростуша во кое настава следат 150 ученици како и основните училишта во нашата општина во кои оваа година настава следат 612 ученици. Градоначалникот Мехмеди на сите вработени им посака успешна работа а на сите ученици пред се здравје, успех и добри резултати во натамошното образование, потенцирајќи дека квалитетно образование , труд и макотрпна работа е далеку од потребна за помладите генерации оти надежта на нашата општина е во младите и образовани кадри кои треба нашиот регион да го направат попросперитетно место со многу подобри услови за живеење. исто така градоначалникот, Мехмеди изјави дека сите училишта се подготвени да ги дочекаат учениците и да им овозможат нормално одвивање на наставата со исклучок на Основното Училиште Блаже Конески с. Скудриње кое во согласност на Министерството за Образование и Општината, наставата во Основното Училиште Блаже Конески с. Скудриње ќе почне од следниот понеделник поради градежните работи на училишната зграда кои се во тек и треба да завршат во наредните 4-5 дена, а наставата ке се надохнади во натамошниот период, земајќи ги во предвид сите законски норми и регулативи. Традиционално, најмногу возбуда имаше кај првооделенците, кои го почнуваат нивното деветгодишно патување низ описменувањето и стекнувањето нови знаења во основното образование, но можеби уште повеќе и кај нивните родители, за кои исто така почнува нова страница во животот.