Како градоначалник на Општина Маврово и Ростуша донесов одлука секој Понеделник и Среда во неделата да бидат мои приемни денови за сите граѓани на Општина Маврово и Ростуша.
Средбите во Маврово ќе започнуваат секој понеделник од 13:00 часот во просториите на општината во Маврови Анови, и секоја среда од 09.00 часот во просториите на општината во Ростуша и ќе траат се до приемот на сите заинтересирани граѓани.
Вие ќе имате можност од мене а и од целокупната општинска администрација да побарате одговор на прашања кои се од Ваш интерес, да ги изнесете своите проблеми и да побарате решение за истите. Вашите забелешки, сугестии, идеи и предлози ќе бидат од големо значаење за мене како градоначалник и за локалната самоуправа воопшто. mukrem1121
Приемните денови од овој тип во наредниот период ќе продолжат да се одвиваат секоја работна недела.
Ова претставува директна реализација на моето ветување за редовен и непосреден контакт со граѓаните. Јас како градоначалник и во наредниот период ќе продолжам да работам исклучиво во интерес на граѓаните Општина Маврово и Ростуша, и ќе дадам се од себе за да излезам во пресрет на сите нивни потреби.

Со почит!
Мукрем Мехмеди,
Градоначалник на Општина Маврво и Ростуша.