Почитувани пријатели во дијаспората , на покана на Здружение Река од Тренто, Градоначалникот на Општината Медат Куртовски ќе ги посети нашите печалбари во Италија. Планирани се средби со здруженијата на нашинците од околината на Равена во четврток вечер. Во петок се планирани средби со градоначалникот на Равена во 08. 30 и со градоначалникот на Пиеве ди Солиго во 17. 00 часот. Саботата е резервирана за настанот во Тренто. Недела ќе биде меѓу нашинците во Видор и околината до попладневните часови , а околу 19. 00 часот во Трст.
Во делегацијата ќе бидат
-Медат Куртовски , градоначалник на Општина Маврово и Ростуше,
-Никола Шалваринов , директор на Агенција за иселеништво ,
-Самир Ајдини , директор на Национален парк Маврово и
-Алил Алили , претседател на Советот на Општина Маврово и Ростуше .
– Фатон Асани, директор на Агенција за управување со одземен имот.