Почитувани граѓани! Со особена чест и задоволство, од свое лично име, од името на Советот и Општинската администрација на сите православни и католички верници во Општина Маврово и Ростуша, во земјата и во странство, Ви упатувам искрени честитки по повод велигденските празници. Во духот на љубовта кон човештвото, да се упатиме кон правдата и вистината, да понудиме помош на сите на кои им е потребна. Нека во нашите срца и души се всели духовен мир и спокојство, радост и разбирање. Ви посакувам многу здравје, среќа, љубов, хармонија и верба!

Градоначалник на Општина Маврово и Ростуша Мукрем Мехмеди

 

velikden 1