poplava 1 poplaviСо цел да ја изразиме нашата солидарност и да им помогнеме на настраданите во поплавите во Босна и Херцеговина и Србија, Нашата Општина од утре ќе започне голема хуманитарна акција, насловена “Маврово и Ростуша за БиХ и Србија“,
Акцијата за собирање на помош која треба да започне утре ќе се одвива на локации, кои ќе ги одредат претседателите на месни заедници по сите населени места.
Знаејќи за каква несреќа станува збор, наша цел е да им помогнеме на настраданите и да собериме што е можно повеќе конзервирана храна, облека, флаширана вода за пиење и средства за хигиена,
Општината ги соопштува сите граѓани кои имаат можност да бидат дел од оваа хуманитарна акција да се обратат до претставниците на месните заедници во своите населени места каде што ќе имаат можност да ја достават својата донирана помош.