Претставници од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Министерството за здравство во просториите на административниот центар на општината имаа работна средба со цел едукација на земјоделци, сточари и граѓани од нашата општина кој на било каков начин имаат контакт со пестициди, за правилно користење на пестицидите со што не би дошло до несакани последици по нашето здравје. Кампањата која ја отпочнаа АФПЗРР и Министерството за Здраство на тема “Штетното влијание на пестицидите , превентива и заштита од нив”. имаше за цел да се укажи на правилно складирање, ракување со пестицидите како и доколку се дојде до несакани последици односно труење, кои се симптомите и како да се постапува и заштити, како да се направи прва помош, пред да се обрати до најблиската здраствена установа. На трибината присуствуваа и Градоначалникот, Мукрем Мехмеди и Претседателот на Совет, Неџат Исмаили.

tribina pesticidi