Претставници на Агенцијата за Поттикнување на Развојот на Земјоделството од Гостивар во просториите на Општината во Ростуша извршија презентација за поттикнување на развојот на земјоделство на теми : Владини рограми за подршка на земјоделци за 2014, Форми на регистрација, Минимални барања за добра земјоделска пракса, Паушално одданочување, Агротехника на компир, Подигање на нов овошен насад од лешник и др.
Иста таква презентација извршија и во с. Жировница.
Презентациите се состоеја од правилна подготовка на почва за садење односно агротехничка анализа на почвата, најпогодно време на садење на лешникот, избор на сорти, правилно Ѓубрење на садникот, правилно Наводнување, правила на берње, Поважни видови на лешник, како и калкулација за инвестиција за 1 хектар со 600 садници.
Исто така се изврши презентација за правилно одгледување на компир.
На презентацијата покрај голем број заинтересирани граѓани присуствуваа и Градоначалникот, Мукрем Мехмеди и Претседателот на Советот, Неџат Исмаили кои даваат секаква поддршка на нашите граѓани кои се занимаваат со земјоделие.

agencija 1 agencija 2