Во Пласница потпишан меморандум за соработка во склоп на проектот Меѓуетничка интеграција во образованието

Во рамки на проектот Меѓуетничка интеграција во образованието поддржан од УСАИД беше потпишан меморандум за соработка. Потпис на документот ставија Директорот на ОУ Блаже Конески, Амзо Ахмедоски и Директорот на ОУ Кемал Ататурк, Ѓулер Шабаноски.
Целта на проектот кој се спроведува втора година по ред е градење на подобар соживот и промовирање клима на заемно разбирање и почитување.
Директорот на ОУ Блаже Конески, Амзо Ахмедоски потенцираше дека учениците и професорите со голем ентузијазам и љубов прифатиле да бидат дел од проектот кој ќе биде вистински пример на соживот и толеранција
Проектот за меѓуетничка интеграција ќе се реализира до декември 2015 година во повеќе училишта во земјава.

amzo