Благодарение на поволните временски услови, викендот продолжија активностите со асфалтирање на оштетени делови од локалните патни правци со цел заштитување на локалните патишта низ сите населени места на целата територија од општината.

Завршија подготвителните и финалните градежни работи за преасфалтирање на дел од локалниот пат низ с. Велебрдо. Се работи за делница во должина од стотина метри која е најоштетен дел од овој патен правец. Целосно е одстранет стариот и дотраен асфалт, поставена е нова асфалтна коловозна лента во широчина од околу четири метри.
Сите овие, како и други неспомнати градежни зафати во општината, се дел од програмата на Градоначалникот за подобарување на условите за живот на сите граѓани од нашата општина.

asfalt_rostuse