На наша покана во посета на општината беа претставниците на здружението Макиттурк Скудриње кои организираа турнир во одбојка во село Скудриње на кое учество зедоа осум екипи. Овој турнир беше повод за дружење меѓу населението во Скудриње. Им честитавме за успешно реализираниот турнир во одбојка и им доделивме пофалница. Ваквите турнири се одлична прилика за дружење и забава особено после периодот на пандемијата.