Претседателот и членовите на Комисијата за Односи Меѓу Заедниците од Општина Маврово и Ростуша учествуваше на работилница заедно со своите колеги од општините Центар Жупа, Струга, Тетово, Брвеница, Долнени и Крушево во организација на Институтот за Развој на Заедниците (ИРЗ) на тема “Подобрување на вклученоста на немнозинските заедници на локално ниво преку комисиите за односи меѓу заедниците”. Во текот на целата работилница членовите меѓу себе разменуваа мислења, искуства како ги решавале проблемите на кои наидувале во текот на досегашната работа, исто така се разговараше како заеднички да се делува во иднина за што поефикасно функционирање на комисиите преку кои граѓаните од немнозинските заедници што полесно би ги задоволувале своите законски права што им следуваат според законите на нашата држава. Се истакна важноста на КОМЗ како единствена и специфична институционална форма во рамките на локалната самоуправа за промовирање и вклучување на преставници на сите етнички заедници кои живеат на територијата на општината во процесите на одлучување од страна на органите на локалната самоуправа. Се разговараше за критериумите околу формирање на комисијата како и формите и начини на делување на КОМЗ. На работилницата учество зеде и претставник на ЗЕЛС.

komz