Во тек е расчистување и подготовка за асфлатирање на локалниот пат (од регионален пат Маврово – Дебар до спортското игралиште во долно маало) кој води до населеното место Жировница.
Фирмата која е задолжена да ги изврши градежните работи, врши гребење на стариот асфалт и расчистување на целиот шут што би попречувал квалитетно асфалтирање на овој дел од локалниот пат.
Одкако ќе завршат подготовките ќе се премине на уредување и асфалтирање.
Сите градежни активности одат во согласност на нормите и обврските кои произлегуваат од самиот проект.
Решавањето на главните инфраструктурни проблеми е во насока на заживување и подобрување на квалитетот на живот во сите населени места во општината.