Здружението за локален и рурален развој во рамки на проектот „Жените од руралните средини: клуч за економскиот развој“ договор број 12-9140/1, финансиран од Делегација на Европска Унија, имплементиран на Министерство за финансии (ЦФЦД) и Министерство за труд и социјална политика (МТСП) ги повикува сите невработени жени помеѓу 20 и 45 години кои се заинтересирани да посетуваат бесплатни обуки и пракса за шиење и за фризерки и козметичарки да се пријават на телефоните или на електронската адреса наведена подолу. Покрај тоа, обезбедени се обуки и за жените кои собираат шумски плодови, како и сертификат според законските прописи на државата. Покрај тоа што сите обуки се целосно бесплатни, на жените кои ќе ги посетуваат обуките ќе им бидат надоместени патните трошоци.

 

Заинтересираните нека ги достават следните информации:

Име презиме

Возраст

Контакт информации (телефон, маил)

Националност

Регион од каде доаѓаат (место, општина)

Досегашно искуство

За кој тип на обука се заинтересирани

 

За повеќе информации и детали обратете се на телефонските броеви 070/770-215 и 072/536-606 или на e-mail:  ruralwomen.keg@gmail.com или на office@zlrr.org.mk, или пак, пријавете се преку вашиот фејсбук профил.

 

Со почит,

Здружението за локален и рурален развој

Povik za obuki PDF