Денес е денот на шегата, на смеата, на среќата, на местени и лаги, но пред се’ денес е ден кој во сите основни училишта на територијата на Нашата Општина се прославува со целодневен маскембал. Претпладнето е посветено на најмалите и најслатките кои приредија креативна забава за своите родители за своите блиски. И оваа година за денот на шегата традиционално во сите основни школи се организира манифестацијата Априлијада 2014, која се одвива под мотото: „Маврово и Ростуше се смее“. Забавата започна претпладнето во 11 часот во училишните дворови по што најмалите распеани се прошетаа по селските улички со голема детска маскенбал журка, со деца од сите основни училишта и останатите деца со маски, кловнови, балони, песнички, игри, забава … На крајот сакам да завршам со искажана мисла на едно наше детенце кое учестуваше на овогодинешната априлијада, со мислата односно со зборовите “Изберете ја денес вашата маска и шегувајте се со сите околу вас”.