Од 25 до 27 Јуни во Маврово се оддржа Европски куп по
Парагладерство – Маврово Опен 21 .Овој настан се оддржува секоја година во Маврово во организација на Параглајдинг Клубот Кондор од Гостивар.Оваа година Маврово Опен имаше најголем број на учесници, учество земаа 40 натпреварувачи од 11 Европски земји.Во склоп на Маврово Опен се оддржа и ликовна колонија со сликари, уметници од земјава и странство, кои во изминативе 3 дена нацртаа одлични уметнички дела со мотиви од Маврово и Параглајдинг. Градоначалникот Медат Куртовски беше домаќин на дел од учесниците на овој настан, кој заедно го посетија водопадот Дуф.Претседателот на Параглајдинг Клубот Кондор, Ментор Саити, изкажа голема благодарност до Градоначалникот Медат Куртовски за поддршката во организирање на овој настан.Маврово Опен продолжува и понатаму да се организира во Маврово, со цел да прерасне во Светски куп во Параглајдинг.