Официјално од денес Општина Маврово и Ростуша ја има во владение спортската сала која е дел од спортско рекреативниот центар “Радика”.
Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша, Мукрем Мехмеди кој со својата работа и упорност е еден од најзаслужните што денес нашите граѓани имаат можност да спортуваат во одлични услови која ги нуди ново изградената спортска сала. Денес во присуство на преставник на нарачателот на “Агенцијата за Млади и Спорт”, Ѓорѓија Симоновски, преставник на изведувачот “Пелагонија” АД, Предраг Доневски, преставник на подизведувачот “Картел” од Гостивар, Ирфан Јашари се изврши примопредавање на клучевите од влезната врата на објектот и опремата од изведувачот “Пелагонија” АД Гостивар на Општина Маврово и Ростуша – како иден корисник на објектот.

200913