Голема благодарност и подарок од претставници на школата за мал футбал ” Реканци” за Градоначалникот, Мукрем Мехмеди и Претседателот на Совет, Неџат Исмаили за искажаната голема доверба и поддршка при формирањето на школата како и одстапувањето на спортската сала за потребите на Школата за мал футбал-“Реканци” со што се допринесува полесно прмовирање на спортот како и правилен и здрав развој на младите од нашиот регион. Во рамки на програмата за развој на спортот кај младите, ова е проект кој има позитивна реакција како кај најмладите жители на нашата општина така и кај родителите и многу наши сограѓани кои се надвор од нашата држава кој на било каков начин помагаат за подобрување на условите за спортување во нашата општина, преку една координирана и постојана комуникација со претставниците од школата се надеваме дека ќе постигнеме голем напредок во спортот како и поттик за младите генерации да се насочат кон спортот, ни изјави Градоначалникот, Мукрем Мехмеди.

rekanci 11