Освоено прво, второ и четворто место на државен натпревар во Неготино.
Ученици од СОУ Маврово – Ростуше учествуваа на Државниот натправар на млади истражувачи на Р.М, кој беше организиран од Народна Техника а целиот процес беше организиран и одценет од страна на професори на Техничките факултети од УКИМ.
Ученичката Мехида Мехмеди го освои 1 (првото) место по Биологија од областа на Систематика на тема ”Лековотите растенија од мојот крај”
Севима Рамадани го освои 2 (второто) место по Географија на тема ”Миграциите во реканскиот регион”
Исто така ученичката Суела Арслани претставувајќи ги достоинствено традиционалната Реканска носија и Реканската храна на тема ”Културните карактеристики во реканскиот краj” го освои 4 место.
Општина Маврово и Ростуше искажува голема благодарност до сите ученици и професори од СОУ Маврово – Ростуше за достоинственото претставување на државниот натпревар на Млади истражувачи на РМ и им честита за освоените 1, 2, и 4 место.

aam am1 am2 am3 am4
am5