Општинскиот штаб за Заштита и Спасување оддржа вондреден состанок со кој претседаваше Градоначалникот на Општина Маврво и Ростуше Медат Куртовски.
На состанокот присуствуваа Претседателот на Советот на Општината Алил Алили, командирот на ПС Ростуше Решат Мурати, директорот на Здраствен Дом, Омер Дурмиши, зам.дир на ЈПКД Маврово, Кемал Исметович, директорот на СОУ Исмет Абдули, секретарот на општината Осман Сејдиу и Диди Џафери самостоен референт за Заштита, спасување и управување со кризи.

Откако метереолозите најавија можности за невреме поради циклонот ”Андреја”, Општинскиот штаб за Заштита и Спасување превзеде превентивни мерки и активности со цел да се делува превентивно за спречување на несакани последици.
На состанокот се утврдија критични точки каде што може да има одливање на вода од речните корита како што се река Радика, Жировничка река и други речни корита како и критични точки каде може да има свлечишта и одрони од земја. Се разгледуваа можни активности за делување со механизација за да се заштитат регионалниот и локалните патишта по населените места.
За таа цел деноноќно ќе се следи целокупната состојба на целата територија на Општината со посебен акцент на критичните места, како и ќе се биде во постојана координација со сите јавни институции, Претседатели на МЗ и препријатија кои ги има општината ангажирано со механизација да делуваат при евентуална непогода.

Исто така ги повикуваме граѓаните да не остануваат на отворен простор или под осамени дрва, во случај на електрично празнење. Во наредните 48 часа да избегнуваат непотребни излегувања пеш или со нивните возила, посебно покрај речните сливови.
Ако има појава на определени загрозени и поплавени зони и подрачја, се молат граѓаните на смиреност, присебност и помош од стручните екипи со насоки за правовремена евакуација и постапки за својата лична безбедност и сигурност, нагласува Општинскиот штаб за заштита и спасување.

За давање на секаква информација која ќе биде од корист за што подобро и навремено справување со несакани последици може да се јавите на телефонските броеви:
042 478 815 – Општина Маврово и Ростуше.
075 380 138 – Диди Џафери (Самостоен референт за Заштита, спасување и управување со кризи.