Триатлон Федарација на Македонија во покровителство на градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша г-дин Мукрем Мехмеди денес во Маврово во прекрасен амбиент и пред очите на многу љубители на спортот се одржа Државно Првенство во Триатлон –на најтешкиот спорт кој се состои од пливање, велосипедизам и трчање.
Државно Првенство во Триатлон – традиционалната трка започна во 10 часот од пред хотел Срна.
Сениори, Јуниори, Кадети, Девојки и Пионери денес имаа добра можност да се натпреваруваат во различни дисциплини на овие тешки спортови (пливање, велосипедизам и трчање) во одлична рекреативно натпреварувачка атмосфера.
Градоначалникот на општина Маврово и Ростуша г-дин Мукрем Мехмеди на сите учесници им посака срдечно добредојде и успех на овие натпреварувања и на крај лично им честита на сите победници од овие тешки спортски дисциплини и им се заблагодари за присуството на нашиве простори како и за можноста која ни се пружи да бидеме домаќини и покровител на ова државно првенство во триатлон.


triatlon_1

triatlon_2

triatlon