Во организација на Македонскиот олимписки комитет и Општината Маврово Ростуше во J.Д.О. “ИЛНДЕН“ Бунец, меѓу ученици од О.У. “Гоце Делчев“ Гостивар, О.У. “Денче Дејаноски“ Маврови анови и О.У. “Ѓорѓи Пулески“ – Ростуше се одржа Олимпискиот ден 2014.

Голем број на ученици, спортисти и спортски работници преку голем број на спортски содржини учествуваа во оваа глобална активност на олимпиското движење со која се промовира Спортот за сите, посебно за најмладите. Македонскиот олимписки комитет на сите учесници на овој настан им подари маици и дипломи за учество, а на училиштата им беше донирана спортска опрема.

Олимпискиот ден се одржува во чест на денот на формирање на Меѓународниот олимписки комитет кој е официјално формиран на 23 јуни 1894 година и како сеќавање на денот на формирањето, првпат во 1987 година е организиран Олимпискиот ден на трчање, а од 2010 година овој настан се нарекува единствено Олимписки ден.

Овој глобален настан се одржува во целиот свет и настанот е поддржан и организиран од страна на 204 национални олимписки комитети и нивните партнери, а оваа година таа чест ја имаше токму Општината Маврово Ростуше.

olimpiski 1 olimpiski 2 olimpiski 3