Од работните средби на Регионална Програма За Културно и Природно Наследство Во Југоисточна Европа
Во просториите на административниот центар на Општината се оддржа работна средба за заштита на културното и природно наслество во нашата општина, помеѓу претставници од секторот за локален економски развој на општината, бизнис секторот од нашата општина со проектниот лидер на Пилот Проектот За Локален и Регионален Развој во Република Македонија г-ѓа Ан Пизо, Дејвид Џонсон експерт од Советот на Европа, Томас Де Вос проектен асистент претставник од Советот на Европа, Борче Николовски програмски координатор како претставник од Министерството за Култура на РМ, Орхидеја Зорова проектен менаџер како и претставници од Управата за заштита на културното наслество на Република Македонија. regionalnaP
На работната средба се разговараше за зајакнување на партнерствата на регионално ниво, се дадоа насоки за понатамошна имплементација на ППЛР Дебар и Река, и се согледаа аспекти на одржливо искористување на културното и природното наследство во регионот, како и насоки за идна имплементација на проектот. Следни чекори се работните групи кои ќе ги сочинуваат експерти, во разни области од Дебар и Река за изработка на стратегија за развој на регионот.