Традиционалниот Балкански Фестивал кој се одржа во Турскиот град Измир беше добра можност која ја искористи делегацијата од Општина Маврово и Ростуша предводена од Градоначалникот Мукрем Мехмеди и Претседателот на Советот на Општината Неџат Исмаили да оствари работни средби со градоначалници од Општините Борнова која е наша збратимена општина, Општините Чигли и Бајракли како и со Кајмакамот на Општина Борнова.
На сите средби Градоначалникот Мукрем Мехмеди на домаќините подарувајќи им Македонско знаме и знаменитости кои ја одсликуваат богатата Македонска традиција и култура ги запозна со структурата, природните богаства, постоечкиот ски центар Маврово, можноста за вложувања во зимскиот туризам, можноста за отворање мали и средни препријатија во лесна и незагадувачка индустрија, како и сите предности кои ги нуди Нашата Општина за влез на странски капитал преку отворање на планираните индустриски зони кои ќе нудат поволности, како и со заложбите за привлекување на странски инвестиции кои ги прави Владата на РМ.
Овие средби претставуваат уште еден показател за ангажираноста, интензивната работа и отворениот дијалог на општината со сите фактори кои можат да допринесат за развој на овој регион.

izm 4 izm 5 izm 7 izm 8 izm 9