Во општинската сала за состаноци, Советот на Општината ја оддржа својата 20″ та седница со која претседаваше Претседателот на Советот, Неџат Исмаили. На седницата присутни беа сите советници како и Градоначалникот, Мукрем Мехмеди. На оваа седница беа разгледани неколку предлог одлуки и програми од областа на образованието, урбанизмот и просторното планирање на територијата на локалната самоуправа. Советот на Општината на оваа седница донесе и усвои: – Програми за работењето на основните општински училишта за учебната 2014 – 2015 година. – Програмата за работењето на средното општинско училиште за учебната 2014 – 2015 година. – Дадена опширна информација околу текот на постапката за решавање на поднесените барања за легализација на безправно изградените објекти од страна на Харис Ибраими, советник за управување со градежно земјиште во одделението за урбанизам и комунални дејности. – Донесена програма за поставување на времени објекти за потребите на Општина Маврово и Ростуша. – Правилник за условите, начинот и постапката за користење и располагање со стварите во сопственост на Општина Маврово и Ростуша. Исто така беше и донесена годишната програма за обука на државни службеници за 2015 година.
 16 sednica