Во општинската сала за состаноци, Советот на Општината ја оддржа својата 13″та седница на која седница присуствуваа сите Советници, Градоначалникот, директорите на Општинските училиштата и ЈКП-Маврово. На седницата меѓу другото се даде образложение и се разви плодна дискусија околу завршните сметки на Општината, СОУ, ЈКП-Маврово, Основните Училишта кои гравитираат во Нашата Општина. како и се даде образложение на финансискиот план на ЈКП-Маврово за 2014 година. 

Советот на Општината со кој претседаваше Претседателот на Совет, Неџат Исмаили на оваа седница ги усвои следните завршни сметки како и ги донесе следните одлуки:
1. Едногласно усвоени завршни сметки за 2013 година на четирите општински О.Училишта ОУ„Блаже Конески“ Скудриње; ОУ „Ѓорѓи Пулесли“-Ростуше; ОУ „Јосип Броз Тито“-Жировница; ОУ „Денче Дејаноски“-Маврови Анови.
2. Едногласно усвоена завршна сметка за 2013 година на СОУ „Маврово-Ростуша“ – Ростуше.
3. Усвоен годишниот извештај за остварени приходи и расходи на ЈПКД „МАВРОВО“ од Маврови Анови за 2013 година.
4. Усвоена завршната сметка на ЈПКД „Маврово“ од Маврови Анови за 2013 година.
5. Донесена годишната програма за работа на ЈПКД „Маврово“ од Маврови Анови за 2014 година
6. Усвоен финансискиот план на ЈПКД Маврово од МавровиАнови за 2014 година.
7. Донесена одлука за измена на урбанистички план за KO с.Лазарополе КП бр.79.
8. Донесена одлука за измена на урбанистички план за КО Маврово за КП бр.1388.
9. Едногласно усвоен годишниот извештај на Општина Маврово и Ростуша за 2013 година.
10. Едногласно усвоена завршната сметка на Буџетот на Општина Маврово и Ростуша за 2013 година со донесена – Одлука за одобрување на завршна сметка за 2013 година.
11. Донесена одлука за определување места за истакнување на рекламен материјал за претседателските избори 2014 година.
12. Донесена одлука за изработка на ЛУПД за утврдување на урбанистичка парцела изградба на Пансион – Мотел со бунгалови на КП бр. 537 и дел од 538, КО Велебрдо – Општина Маврово и Ростуша
13. Донесена одлука со која се утврдува просечната пазарна вредност на градежно земјиште, земјоделско земјиште (пасишта и шуми) и дворно земјиште кое се наоѓа на територија на Општина Маврово и Ростуша, како и утврдување на зоните за макролокација по катастарски општини.

sovet_mr