Во просториите на општинската сала за состаноци се одржа трибина на тема “Лобирање, Жената – лобист во Нашата Општина”. каде што присуство зедоа и Градоначалникот на Општината Мукрем Мехмеди, Пратеникот во Собранието на РМ, Алим Билали и Ристана Лалческа поранешен пратеник во Собранието на РМ и ментор на овој проект.

На трибината учество зеде и Светлана Мазгалоска – Лучетик поранешен пратеник во Собранитето на РМ и стратешки ментор на темата која денеска беше на дневен ред на одржаната трибина.
Во овие динамични општествени процеси гласот на жената и нејзините иницијативи резултираа со подигнување на свеста за учество на жената во сите сфери на општественото живеење. Денеска жената е креатор на највисоките државни политики и дел од лобирањето и одлучувањето во Република Македонија рече Светлана Мазгалоска – Лучетик поранешен пратеник во Собранитето на Република Македонија и стратешки ментор на темата Лобирање.
Целта на оваа трибина е што повеќе да се поттикне чуството кај жените да се вклучат што поактивно во лобирањето за решавање на низа проблеми кои ги има населението во овој регион исто така поактивно вклучување во политичкиот живот и земање поголема одговорност и храброст како би се вклучиле во решавање на многу отворени прашања од сите свери на животот на граѓаните од Нашата Општина. Што повеќе жени лобисти во иднина ќе биде идната стратешка цел на женското лоби во Нашата Држава.
На жената во РМ и престојат уште многу предизвици за постигнување на целосна равноправност со мажите. Ако во секое општество локалната самоуправа е темел на демократија, тогаш нема демократија односно локална самоуправа без учество на жените рече Букурија Беќири координатор на женското лоби во Општина Маврово и Ростуша.

lobiranje 1 lobiranje 2