Ново избраните советници во Советот на Општина Маврово и Ростуше, денес ја одржаа првата конститутивна седница на која се изврши верификација на мандатот на членовите на новиот состав на Советот на општината, по што тие потпишаа свечена изјава.

На седницата беше избран и претседатетел на новиот совет. За претседател беше избран Неџат Исмаили од село Жировница, од советничката листа на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, кој беше председател и во предходниот состав. На седницата присуствуваше и градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Мукрем Мехмеди.

IMAG1680