Управувачкиот Комитет на Пилот Проектот за Локален развој на Дебар и Река во просториите на Министерство за Култура- Управа за Заштита на Културно наследство одржа состанок со кој претседаваше Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша, Мукрем Мехмеди!

На работната средба присуствуваа Газмен Цами како претставник на Општина Дебар и член на управувачкиот комитет, директорот на Националниот парк Маврово, Онер Јакупоски, програмскиот координатор Борче Борче Николовски, проектниот координатор Снежана Герасимова- Матеска, членови на едниницата за имплементација на проектот (составена од проектниот менаџер Орхидеја Зорова и двајцата асистенти Шенол Имери и Селим Беќири) , двајца членови од бизнис секторот на двете општини, преставници од Министерството за Животна Средина и Просторно Планирање, член од Националниот Конзерваторски Центар и член од Министерството за Економија. На овој состанок се донесоа одлуки за акциониот план на ППЛР (пилот проект за локален развој) за 2014 година кој ќе опфаќа неколку активности (проекти) од сверата на културното и природното наследство. Како прв приоритет планирана е проектна активност со кој е предвидено „Уредување на околината на мостот Елен скок“ во кое е предвидено уредување на простотот со калдирма, заштитни дрвени огради, изградба на двa видиковци и расветлување на просторот како и организирање на активност од културно-спортски карактер на денот кога работните активности околу уредувањето на мостот ќе завршат, исто така оваа активност ќе стане дел од календарот на културни активности на двете општини и ќе се организира секоја година.

debar reka izlozba2