Оддржан состанок на колегиум на Општината со кој претседаваше Градоначалникот Медат Куртовски.
На состанокот беше разгледана реализацијата на тековните задолженија кои беа дадени минатиот период како и отворена беше дискусија и дадени насоки за реализација и нови задолженија по кои треба да се постапи во наредниот период со претходно утврдени рокови.
На состанокот присуствуваа сите раководители на одделенија и други административни службеници.