Државниот советник во Миностерството за Земјоделство Шумарство и Водостопанство на Р. Македонија Цветан Трипуноски пред да го прогласи денот на одгледувачите на овци и кози за отворен, на присутните на настанот кој е во покровителство на Министерството за Земјоделство шумарство и водостопанство, општина Маврово и Ростуша, Регионалното здрузение на одгледувачи на овци од западна Македонија, факултетот за земјодлски науки и храна, институтот за сточарство и националниот парк Маврово, им се обрати и им посака срдечно добредојде на сите гости на оваа деветта по ред манифестација денови на одгледувачите на овци и кози Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша, Мукрем Мехмеди.
Градоначалникот Мехмеди во својот говор нагласи дека се прават напори за поттикнување поголема иницијатива кај приватниот сектор за одгледување овци. исто така посочи дека овчарството е еден од најперспективните сектори во Нашата Општина и во иднина ќе се продолжи со подтикнување на развојот на овој сектор.
исто така нагласи дека Владата преку субвенционирање на оваа гранка прави големи напори бројот на овците во Македонија да се врати на онаа 2 милјонска сума од пред неколку децении.
На манифестацијата се одржаа натпревари во
-молзење овци
-стрижење овци
-оцена на традиционални сирења произведени на фарма
-изложба на локални соеви на овци
-изложба на кучиња од расата шарпланинец
-натбпревар во борење (пеливани)
-културно забавна програма.
како и на крај сите гости беа почестени со овчарско гравче со јагнешко месо кувано во казан..

ovci 4 ovci 1 ovci 2 ovci 3