Општина Маврово и Ростуша во соработка со  Нациионалниот парк „Маврово“  и подршка од УСАИД, ќе одржи серија на обуки за органско собирање на диворастечки растенија во текот на месец јули.Заинтересираните жители на Ошпштина Маврово и Ростуша и Националниот парк „Маврово“можат да се пријават за еднодневна обука во просториите на НП Маврово или на телефон 070/659-447.

Зошто да се стане собирач?

Професионалниот собирач може да достигне месечна заработка во висина од две просечни плати.

Иако е сезонска работа, собирањето на диворастеќки растенија нуди можност за работа и додатен приход во тек на 8 месеци од годината.

Собирањето на диворастеќки растенија нуди брза заработка затоа што надоместокот за собраните растенија се исплаќа веднаш при откупот.

mir_sumskiplodovi mirvrgani

Зошто е потребна обука?

Според македонските закони за заштита на животната средина, само собирачи кои се лиценцирани за органско собирање на расенија можат да добијат дозвола за собирање.

Откупните пунктови не откупуваат растенија од нелиценцирани собирачи.

Неправилното собирање на растенијата и печурките ја намалува нивната количина што може да се собира во наредната сезона

Заинтересираните за собирањето на лековити растенија, печурки и шумски плодови, како и за престојната обука, посетете ги нашите информативни денови:

1. Инфо Ден 1

17.07.2013 17.00 часот

Простории на О.У. Денче Дејаноски

Маврови Анови

2. Инфо Ден 2

18.07.2013 17.00 часот

Простории на Општината Маврово и Ростуша

с. Ростуша

Во рамките на овој проект во просториите на Информативниот туристички центар при НП Маврово, на 08.07.2013 беше одржана обука на вработените од Националниот парк „Маврово“