Со богата културно – уметничка програма приредена од страна на учениците од Општинските Училишта, естрадните уметници Благоја Груевски и Емрах Мехмеди, свечено беше одбележан денот на општината.
Годишнините се пригодни моменти да се преиспитаме до каде сме стигнале и што сме направиле во изминатиот период. Со задоволство можам да констатирам дека ќе се трудиме да ја оправдаме довербата која ни ја дадовте и се ќе сториме општина Маврово и Ростуше да стане модерна и современа европска општина, изјави градоачалникот Медат Куртовски на днешената свеченост по повод Денот на општината. Градоначалникот Куртовски кажа дека ќе работи на подобрување на инфрастурктурата, подршка на спортот и културата, меѓунаордната соработка, искористеноста на ИПА фондовите како и на развојот на алтернативниот туризам. Во иднина активностите ќе бидат насочени кон реализација на капитални проекти, подобрување на патната инфраструктура, заштита на животната средина, подобрување на водоснабдувањето, на условите во образованието, проекти кои ќе бидат од големо значење на општината и целиот регион.
Градоначалникот Медат Куртовски ги повика сите наши сограѓани, жители и пријатели на општината, сите наши браќа и сестри од дијаспората на заедничка соработка со себе со советот и администрацијата на општината се со цел да направиме Општина Маврово и Ростуше да го добие својот лик, ликот што го заслужува, Модерна Европска Општина, атрактивна туристичка и бизнис дестинација со квалитетен живот за сите граѓани.
Куртовски најави дека и во иднина Општина Маврово и Ростуше ќе продолжи да се развива уште повеќе и ќе стане уште поубаво место за живеење.
Маврово и Ростуше е една од најмладите, најперспективни и најмодерни општини која интензивно се развива, што се должи на големата работа, ентузијазмот и иницијативата и одличната соработка помеѓу Градоначалникот, администрацијата и Советот.
Општината на денот додели благодарници за допринос во развојот на Општината на директорот на НП Маврово Самир Ајдини, директорот на Агенцијата за Управување со Одземен Имот Фатон Асани, директорот на Агенцијата за Лекови Роберт Бекировски, Командирот на ПС Ростуше Рефик Пајкоски, Преставник на ФК Реканци Шабан Беќири, Преставник на Црвен Крст Гостивар Мерита Алили како и додели благодарници за ученици на генерации, освоени трофеи во турнир во мал фудбал и како и благодарници за други активности.

Нека ни е честит Денот на Општината.