Општина Маврово и Ростуша оваа недела ќе земе активно учество во афирмација и подтикнување на спортот во нашиот регион преку владиниот проект “Неделата на Спортот” кој е под покровителство на Агенцијата за Млади и Спорт.

Од денес па се до 8 Септември со низа на натпревари во повеќе спортски дисциплини (футбал, кошарка, ракомет, одбојка, пинг понг и др) сите основни училишта од нашата Општина како и Средното Општинско Училиште ќе ја одбележат 22-годишнината од независноста на Македонија, а на ден 05.09.2013 год (четворток) во спортската сала Македонија која е дел од Спортскиот Рекреативен Центар “Радика” со учество на сите спортисти од нашиот регион покрај редовните спортски активности ќе се организраат и ревијални настани со цел да се промовира спортот и што повеќе да се анимираат граѓаните.
najmladite sportisti