На денешниот свечен настан во Министерството за Финансии, меѓу присутните градоначалници од 35 општини, беше присутен и Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски, каде му беше предадена техничката документација за изградба на локални улици и патишта во општината.
Техничката документација беше изработена во склоп на Проектот за подобрување на општинските услуги, финансиран од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка) а спроведуван од Министерството за финансии.
Техничката документација се состои од Основен градежен проект за реконструкција, Елаборат за ажурирана геодетска подлога, Елаборат за заштита на животна средина, Ревизија на проектна документација како и електронска форма на целата документација за изградба на локални улици во населените места Маврови Анови и Скудриње со вкупна должина од 3км.

За реализација на овие проекти ќе се бара финансиска поддршка преку Владата на РСМ односно Министерството за транспорт и врски, преку грант од Меѓународната банка за обнова и развој.

По завршувањето на свечениот настан, Градоначалникот Медат Куртовски имаше кратка средба со Министерката за Финансии Нина Ангеловска, на која доби информации за текот на веќе започнатите проекти на Општината кои се спроведувани од Министерството за Финансии.