Советот на Општина Маврово и Ростуше на денешната 45’та седница, на барање на Директорите на Општинските Основни Училишта и Средното Општинско училиште, кои претходно ги обезбедија сите неопходни услови во сите училишни згради за оддржување на настава со физичко присуство на учениците, како и со добиени позитивни мислења за условите во училишните објекти за оддржување на настава со физичко присуство на учениците, од Државниот Просветен Инспекторат и Државниот Санитарен Инспекторат ја донесе следната одлука:
За добивање на согласност од Владата на Република Северна Македонија за реализирање на настава со физичко присуство на учениците во:
СОУ ”Маврово – Ростуше”
ООУ ”Блаже Конески” – Скудриње
ООУ ”Денче Дејаноски” – Маврово
ООУ ”Хајан Селмани” – Ростуше и
ООУ ”Јосип Броз Тито” – Жировница.
На седницата на Советот на Општината присуствуваа Градоначалникот, Медат Куртовски, директорот на Здраствениот Дом во Ростуше, Омер Дурмиши и командирот на ПС во Ростуше, Решат Мурати, директорите на Општинските Основни и Средно училиште, кои дадоа голем допринос во работата на оваа седница со дадените нивни видувања околу моменталната состојба со влијанијата од Ковид-19 во Нашата Општина.